Предмалку од страна на надлежните органи во ФФМ беа делегирани арбитрите за следното 20 коло во домшниот ПМФЛ шампионат.
На првиот дуел, оној кој ќе го отвори колото, в сабота на дуелот Струга ТЛ – Македонија ЃП ќе суди Курмислав Ѓоргиев.
На дуелот пак во Автокоманда помеѓу Скопје и Тиквеш главен ќе биде Игор Иванов, додека пак правдата на Силекс и Шкупи ќе ја дели Стојанче Трпчевски.
20. коло ПМФЛ
25.02.2023
Струга ТЛ – Македонија ЃП
Крумислав Ѓоргиев (Штип)
26.02.2023
Скопје – Тиквеш
Игор Иванов (Велес)
Силекс – Шкупи
Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Шкендија – Победа
Константин Влахо (Скопје)
Работнички – Брегалница
Марјан Стојановски (Кичево)