Покрената е истрага за наместен меч во Купот на кралот

305

Полицијата во Шпанија покренала истрага на меч од Купот на кралот за кој се зборува дека бил наместен. Се работи за натпревар од првата рунда помеѓу Леванте и Хурaкан Мелиа кој го добиле домашните со 8:0, а се одиграл пред две години.

Информацијата полицијата ја добила анонимно, па тргнале во истрага. Шест лица од тимот на Хуракан биле  испрашани, засега, ниту еден играч ниту член на стручниот штаб на Леванте не бил повикан на разговор. На истиот натпревар играч и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Леванте дури излезе и со официјално соопштение по тој повод, во кое изрази збунетост за тоа што се случува. Тимот моментално се натпреварува во Втората лига, но во моментот на предметниот натпревар Леванте беше дел од Примера дивизион, а Хуракан од петтата лига во Шпанија.

ПретходноКристијано Роналдо зад воланот е сосема нешто друго (ВИДЕО)
СледноДибала може да биде суспендиран три месеци