Три гола за Кузмановски во новиот пораз на Вецлар!

103

Вецлар влезе во серија од четири порази во низа во Бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, а помошник тренер е Филип Миркуловски на домашен терен беше поразен од Ерланген со 28-35 во рамките на 21 коло.

Оваа средба гостите ја решија уште во првото полувреме кога поведоа со 14-17.

Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со три гола од пет обиди, додаде уште две асистенции.

Вецлар е над зоната за испаѓање во Бундес-лигата со само девет бода.

Фото: Фејсбук/Филип Кузмановски

ПретходноЛЕ: Ди Марија со хет-трик го однесе Јуве во осминафинале (ВИДЕО)
СледноКЛ: Тричко и АЕК Ларнака во осминафинале, шок за Партизан во Белград (ВИДЕО)