Навистина непријатно беше да си играч или фан на Интер синоќа на мечот со Порто кога соиграчите Онана и Џекоо почнаа да се расправаат. Ретко видено нешто, на терен да дојде до голема расправија меѓу играчи од ист тим.
За среќа тука беше Хакан Чалханоглу, кој веднаш ја смири ситуацијата.
По мечот тој го даде своето мислење за овој инцидент:
“Џеко? Онана? Па видете, ова е завршница од Лигата на Шампионите, и сега сите под некој адреналин. По мечот се беше во ред. На крајот сите се смеевме. Често се случуваат вакви моменти кога на вакви натпревари кои се од голема важност одредени ситуации се максимално напнати“ рече играчот за врска на Интер.