Бразилците Малколм и Клаудињо, и двајцата од Зенит, ќе играат за Русија!

325

Бразилците Малколм (25) и Клаудињо (26) наскоро ќе добијат руско државјанство и со тоа ќе можат да играат за А-селекцијата на Русија. Како што денеска известуваат медиумите од оваа земја, и двајцата членови на Зенит, сепак ќе почекаат за својот прв настап ако се знаат прописите. А тие се пет години да престојуваш во една земја за која што сакаш да играш а притоа да немаш ниту еден настап за некоја друга А- селекција.

Со ова правило Малколм има право настап во 2024 а Клаудињо во 2026 година. Инаку и двајцата се некогашни членови на младите селекции на Бразил, но никогаш не играле за А-репрезентацијата на својата матична земја.

ПретходноЗаврши „сапуницата“: Петар Ненадиќ и Веспрем спогодбено раскинаа!
СледноМајнц со четворка го “поздрави“ Менхенгладбах! (ВИДЕО)