Остварување незабележано 35 години: Голманот на Андерлехт не прими ниту еден гол од пенал!

448

Голманот на Андерлехт, Барт Вербруген, влезе во историјата на европските купови, како првиот голман во последните 35 години, кој успеал да ја зачува мрежата на својот гол празна, дури и по изведувањето на пенали.

Синоќа Андерлехт се пласираше во осминафиналето на Конференциската лига откако го победи Лудогорец во пенал рулетот. Токму во оваа пенал-лотарија, белгискиот голман Вербруген успеа да ги одбрани сите три пенали на фудбалерите на Лудогорец и со тоа да му овозможи на својот тим пласман во следната рунда.

ПретходноБостон не застанува, Дончиќ и Јокиќ за нови победи на Далас и Денвер (ВИДЕО)
СледноНова ВАР конфузија: Судиите поништија гол кој го призна технологијата на гол-линијата!?