Утре на стадионот СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, во дербито на 17.коло во ВМФЛ се среќаваат домашниот тим на ГФК Охрид Лихнидос и Вардар.
Се разбира дека и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни, и двете екипи на стартот на пролетниот дел не успеаја да победат, но реално е да се каже дека на гостите од Скопје овие бодови им се златно вредни во битката за враќање во елитата.
И ако се знае дека ова е Македонија, ова е мак – фудбалот, веќе неколку денови се раскажува и прикажува дека утре некој некому ќе му „пушти“, некој некому ќе му ги “подари“ бодовите и слични глупости.
Во пресрет на утрешниот меч, од раководството на ГФК Охрид Лихнидос имаат посебна порака:
„Утре не очекува дерби натпревар со Вардар. Сакаме да истакнеме дека ги преземаме сите организациски работи поврзани со оваа средба. Секоја чест за Вардар, знаеме кого ќе нагостиме, но исто така сакаме да порачаме дека утре ќе се игра максимално фер и спортски, нема ништо да има нечесно на утрешниот меч со Вардар. Нашата цел е победа. И ние слушаме како тоа некој за некого ќе игра, некој некому имал намера да пушта. Ако Вардар победи во една фер и спортска борба први ќе му честитаме, но верувајте дека ГФК Охрид Лихнидос ќе го даде својот максимум, па и повеќе од тоа, како би дошол до победа над Вардар“ велат од таборот на охриѓани.