Бостон не застанува, Дончиќ и Јокиќ за нови победи на Далас и Денвер (ВИДЕО)

121

По паузата по Ол-Стар викендот во Јута, кошаркарите во НБА лигата синоќа се вратија со редовните обврски од сезоната. Во еден од најинтересните натпревари, Бостон по продолжение ја победи Индијана со 142:138. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси со 31 поен, од нив четири постигнувајќи ги во последната минута од продолжението. Тој имаше и 12 скока, седум асистенции и две украдени топки.

Џејлен Браун постигна 30 поени со 11 скока, а Малколм Брогдон 24 поени, со седум асистенции и пет скока и беа најзаслужни за триумфот на Бостон, кој е најдобар тим во лигата со скор 43-17.

Кошаркарите на Денвер го победија Кливленд со 115:109 и ја постигнаа четвртата последователна победа во НБА. Српскиот центар Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со трипл-дабл учинок од 24 поени, 18 скока и 13 асистенции, што беше негов 22. трипл-дабл. во сезоната, а 13-ти на последните 16 натпревари.

Далас беше подобар од Сан Антонио со 142:116 и ја прекина серијата од три порази. Лука Дончиќ со 28 поени, 10 асистенции и седум скока и Кајри Ирвинг со 23 поени и шест асистенции беа лидери во составот на Мавси.

Лејкерс го победија шампионот Голден Стејт со 124:111 и му го нанесоа четвртиот пораз во последните пет натпревари. Двоцифрен број на поени постигнаа осум играчи на Лејкерс, а најефикасен беше Малик Бисли со 25.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Денвер 109-115

Индијана – Бостон 138-142 (прод.)

Орландо – Детроит 108-106

Филаделфија – Мемфис 110-105

Торонто – Њу Орлеанс 115-110

Далас – Сан Антонио 142-116

Јута – Оклахома 120-119 (прод.)

ЛА Лејкерс – Голден Стејт 124-111

Сакраменто – Портланд 133-116

ПретходноНиту еден италијански клуб се уште не е елиминиран од европските купови!
СледноОстварување незабележано 35 години: Голманот на Андерлехт не прими ниту еден гол од пенал!