Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја разгледа и одлучуваше по жалбата на ФК Вардар за случајот „регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски од ФК Гостивар“.
Откако го доби и разгледа дописот од ФК Гостивар (одговор на жалба) и писмениот допис за случајот од Комисијата за верификација, членовите на Комисијата за натпревари едногласно (со иземање на еден член од комисијата поради судир на интереси) ги донесоа следните одлуки за случајот со регистрацијата на фудбалерот на ФК Гостивар:
– Комисијата за натпревари, натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево го регистрираше со постигнатиот резултат.
Регистрацијата на фудбалерот Гордијан Христовски за ФК Гостивар објавена во Макфудбал број 3 на 25. јануари 2023, ниту еден клуб не ја обжалил во предвидениот рок од осум дена, поради што на натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево немало натпреварувачки последици за настапот на фудбалерот.
– Комисијата за натпревари донесе одлука, ФК Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски поради прекршување на член 10 од правилникот за регистрација да се предадат на дисциплинска комисија.