Каков натпревар вечерва во Ла Лига. Луд натпревар на кој имаше од се по малку меѓу Елче и Бетис кој на крајот сепак се заврши со триумф на гостите.
Елче веќе во 9.минута водеше со 2:0 со головите на Фидел и Боје. Но сепак гостите тргнаа на се или ништо и добија СЕ. Во 65.минута Иглесија од пенал намали на 2:1,потоа Миранда три минути подоцна израмни на 2:2. Нешто претходно Елче остана со играч помалку а вистинска драма се слулуваше во финишот. Прво во 89.минута Бетис преку Иглесијас не искористи пенал за 2:3 и кога сите помислија дека овој луд меч ќе заврши без победник, во 90+5.минута беше досуден уште еден пенал за гостите, но сега прецизен беше Вилиан Хозе кој стрелаше и погоди за 2:3, за голема победа на гостинскиот тим на Бетис.