Македонија ќе биде домаќин на БП во одбојка на песок во Штип?

229

Одбојкарската федерација на Македонија аплицираше за организација на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години кое ќе се одржи оваа година. Од нашата куќа на одбојката потврдија дека апликацијата е испратена, но одлуката ќе биде донесена на собирот на Балканската одбојкарска асоцијација на 18 март во Истанбул.

„Со оглед на моменталната ситуација по земјотресот во Турција, се надеваме дека на 18 март ќе се одржи собирот на Балканската асосцијација во Истанбул. На тој состанок треба да бидат потврдени имињата на организаторите на балканските првенства во сите возрасни категории за оваа 2023 година. Ние како ОФМ конкуриравме за организатори на Балканското првенство во одбојка на песок во машка и женска конкуренција за играчи до 22 години. Искрено, оптимисти сме дека ќе ја добиеме организацијата и ќе подготвиме интересен настан во Штип“, вели генералниот секретар Зоран Карановиќ.

Во апликацијата на ОФМ, Штип е посочен како домаќин на настанот. ОФМ со градските власти во Штип подготвуваат одбојкарски спектакл на централниот плоштад каде ќе биде сместен и теренот за игра со трибини за посетителите.

ПретходноВО САБОТА ЌЕ СЕ ЗНААТ ДОБИТНИЦИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk
СледноЈунајтед оди на Бетис во Лигата на Европа