Можеби звучи неверојатно, но италијанските фдубалски клубови оваа година имаат одлична промоција во европските купови. Имено, по вчерашните натпревари од плеј-оф рундата во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА, сите италијански клубови кои есенва изборија место во европските купови, продолжуваат со настапи во најсилните клупски натпреварувања на Стариот континент.
Наполи, Интер, Милан, Јувентус, Фиорентина, Лацио и Рома се уште се дел од сите три УЕФА формати на клупски турнири. Наполи, Интер и Милан се борат за четвртфинале во Лигата на шампионите, додека Јувентус и Рома веќе се во осминафиналето на Лигата на Европа.
По вчерашните настапи и Лацио и Фиорентина го потврдија своето учество во следната фаза од Конференциската лига.