Иако Фиорентина се погрижи пласманот во осминафиналето на Конференциската лига да го обезбеди уште во првиот натпревар кога на гостински терен ја победи Брага со 4:0, синоќа на многу потежок начин успеа да го потврди своето место во следната рунда со нова победа.
Сепак, мечот почна добро за гостите кои по 34 минути поведоа со 2:0 со головите на Кастро и Дјал, а на „Артемио Франки“ се запали алармот. Фиорентина го намали резултатот на 2:1 пред да замине на пауза, но моментот за кој се зборува уште од синоќа се случи во 50. минута од натпреварот. Јавноста беше сведок на една невидена епизода во фудбалот, откако технологијата пристигна во овој спорт.
Артур Кабрал успеа да ја смести топката во голот на противникот, но потоа настана вистинска конфузија. Голманот на Брага доцна реагираше, топката ја мина гол-линијата, но голот не беше признат од апсурдна причина. Беше особено збунувачки бидејќи телевизискиот пренос покажа компјутерски генерирана слика на топката како ја минала гол-линијата.
Голот беше поништен откако францускиот судија Беноа Бастиен се консултираше со ВАР-системот, иако гол-технологијата претходно сигнализираше дека топката е во голот.
Сега никому не му е јасно како е можно судиите во ВАР да поништат гол претходно потврден со гол-технологијата која досега се сметаше за релевантна и без сомнение головите се потврдуваа секогаш кога се јавуваше гол-технологијата.
⚽#Cabral segna, ma dopo 4 minuti di consultazione il Var toglie il gol al centravanti viola dopo che la goal line aveva assegnato la rete#FiorentinaBraga pic.twitter.com/k8DE2ZWlbC
— calciomercato.it (@calciomercatoit) February 23, 2023