По се изледа дека Гордан Петриќ не е веќе тренер на Партизан. Тој во текот на денешниот ден си поднел оставка од местото шеф на стручниот штаб на “црно – белите“. Ова доаѓа по синоќешниот дебакл на Партизан во реванш дуелот сод 1/16 финалето во Лигата на Конференции кога дома загуби од Шериф со 1:3 и со тоа беше елиминиран од ова натпреварување. Да потсетиме дека на првиот меч Партизан на гости успеа да победи со 0:1, но и тоа не беше доволно да оди натаму во ЛК.