Скендеровски одбра за Италија и Шведска

444

Македонската футсал репрезентација ја очекуваат два квалификациски предизвици во името на Италија и Шведска.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски на 1. март и гостуваат на силната селекција на Италија. Во вториот дуел кој е на програмата на 5. март, на домашен терен играме против незгодната Шведска.

Во таа насока, денеска селекторот Скендеровски и официјално го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овие два дуели. На него нема некои поголеми изненадувања, туку се работи за стандардните репрезентативци кои подолг период се дел од нашиот национален тим.

Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Вјоша, Косово);

Играчи: Драган Петровиќ (Проект), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Иван Крстевски (Проект), Игор Леовски (Мимел Луценец, Словачка), Садат Зибери (Берналда, Италија), Јакуп Рамадани (Лигени, Косово), Мартин Мехмедовиќ (Проект), Исмет Цека (Вјоша, Косово), Даниел Де Соуза (Лозница Град, Србија), Џокица Џо Арсовски (Хохенштеин Ернштал, Германија), Еркан Сефери (Вјоша, Косово), Адријан Мицевски (Штуттгартер 2000, Германија), Зоран Левески (Арбен Бајрами), Дарко Ранготов (Проект), Марио Благојевски (Проект), Игор Стојковски (Проект);

 

ПретходноНемања Видиќ и официјално кандидат за претседател на Фудбалскиот Сојуз на Србија
СледноМекинро: Не бидете смешни, пуштете го Новак да игра на турнирите во САД