Тежок пораз за Црвена Звезда во Белград!

168

Црвена Звезда пропушти голема шанса да дојде до победа во Евролига. „Црвено-белите“ на домашен терен беа совладани од фенерџијата Алба Берлин со 85-72 во рамките на 25 коло во најсилното европски клупско натпреварување.

Почетокот на мечот не најавуваше вакво сценарио, особено првата четвртина која Црвена Звезда ја доби со 25-15. Но, на изнеандување на сите застана тука, гостите чекор по чекор ја топеа таа предност, па со неверојатно добра последна четвртина која ја добија со 11-27 на крајот славеа заслужено.

Ло со 24 поени ги предводеше гостите, кај домаќинот Петрушев имаше 14 поени.

За кошаркарите на Црвена Звезда ова беше 14 пораз оваа сезона, со 11 победи се наоѓаат на 13 место. За Алба Берлин ова само седма победа.

ПретходноСрбија не ја искористи првата меч топка за СП, загуби од Грција!
СледноЗаврши „сапуницата“: Петар Ненадиќ и Веспрем спогодбено раскинаа!