Тен Хаг: Победата против Барселона ни е најважна досега

266

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг секако дека е презадоволен од она што се случуваше на Олд Трафорд синоќа. Неговиот тим ја елиминира Барселона од понатамшната фаза од Лигата на Европа и направи огромен чекор во обидот да се освои ова натпреварување. Конечните 2:1, беа дело на Фред и Ентони, откако Барса поведе од пенал преку Левандовски. Првиот меч на Ноу Камп заврши 2:2.

„Имавме убави победи досега оваа сезона. Против Ливерпул, против Арсенал. Тоа беа навистина добри натпревари, но мислам дека победата против Барселона ни е најважна досега. Голема е затоа што верувавме во истата. Ја постигнавме бидејќи одевме напред и ги искористивме шансите. На вакви натпревари често се работи за концентрација во секој аспект од играта, бидејќи динамиката нагло ја менува играта“, коментира Тен Хаг за медиумите по крајот на натпреварот.

Јунајтед се пласираше во 1/8 финалето,  а таму ќе се сретне со тимот на Бетис.

 

ПретходноЈунајтед оди на Бетис во Лигата на Европа
СледноТричко со ривал од Премиер лигата во Конференциската лига