Шеиците им ветиле на фудбалерите на Њукасл премија од 1 милион фунти доколку го победат Манчестер Ј.

633

Фудбалерите на Њукасл, предводени од извонредниот менаџер Еди Хау ќе добијат премија од 1 милион фунти доколку успеат да го освојат Лига Купот на Англија. Во финалето на популарниот „Карабао Куп“, Њукасл ќе се соочи со Манчестер Јунајтед во недела, со цел да се стави крај на 54-годишното чекање на клубот за освојување на еден голем трофеј.

„Дејли Мејл“ објави дека премијата која им е ветена на фудбалерите за освојување на пехарот е 1 милион фунти, која ќе биде поделена меѓу играчите користејќи формула заснована на настапите и минутите одиграни во натпреварувањето. Хау би добил дополнителен бонус доколку клубот го освои купот.

Претходно„Ле Паризиен“: Косовските тимови Лапи и Подујева местеле натпревари, 9 лица се уапсени
СледноКрстевски оптимист: Да го повториме мечот од Гевгелија и ќе се радуваме