Шмид како Лазаров: Ја завршува играчката кариера и станува селектор на Швајцарија

148

Ракометната федерација на Швајцарија соопшти дека Енди Шмид ќе биде новиот селектор на оваа репрезентација од летото 2024 година.

Искусниот и долгогодишен ракометар на Рајн Некар Ловен по завршувањето на играчката кариера ќе стане селектор на швајцарската репрезентација. Така тој ќе се посвети на тренерската работа, а во договорот со швајцарската асоцијација е вклучено и домашното Европско првенство кое во 2028 година ќе се игра во Швајцарија.

Шмид постигна преку 1.000 голови за швајцарската репрезентација во над двесте настапи, а за репрезентацијата настапува од 2003 година.

„Голема чест ми е да бидам селектор на мојата татковина. Ќе си поставувам највисоки цели како тренер. За да ги постигнам овие цели ќе постапувам со истата страст и посветеност како да сум уште играч“, изјавил Шмид.

ПретходноЧави ја посочи причината за елиминацијата на Барселона од Лигата на Европа
Следно„Ле Паризиен“: Косовските тимови Лапи и Подујева местеле натпревари, 9 лица се уапсени