Најдобриот стрелец на тимот на Њукасл во моментов, Мигел Алмирон го продлжи актуелниот договор до 2026 година и на тој начин ги реши дилемите околу неговата иднина како и шпекулациите дека може да замине на некое друго место.
„Ова е награда за напрната работа во изминатиот период. Среќен сум поради новиот договор, ова е клуб за мене од првиот момент кога дојдов“ – изјави Алмирон.
Тој сезонава постигна десет гола, но само два откако заврши Мундијалт во Катар.