Веспрем останува без Французинот: Мае се враќа во Германија?

194

Според информациите на германски „Билд“, францускиот репрезентативец од екипата на Телеком Веспрем, Кентин Мае, ќе го напушти клубот. Според германскиот весник, Мае ќе се врати во германската Бундеслига.

Кентин Мае претходно играше во Бундеслигата повеќе од десет години, но и покрај тоа што во декември го продолжи договорот со Веспрем, очигледно не е задоволен од престојот во Унгарија и сам побарал трансфер.

Една од можните клубови каде Французинот би ја продолжил кариерата е екипата на Хановер.

ПретходноКрстевски оптимист: Да го повториме мечот од Гевгелија и ќе се радуваме
СледноБабунски ја освојува Унгарија: Сега на ред е да му дадам гол и на Ференцварош!