Заврши „сапуницата“: Петар Ненадиќ и Веспрем спогодбено раскинаа!

521

Веспрем и официјално потврди дека Петар Ненадиќ е минато за овој тим. Српскиот ракометар и унгарскиот вицепрвак спогодбено го раскинаа договорот, откако тој беше суспендиран поради одбивање да тренира со тимот.

Против Ненадиќ беше отворена дисциплинска постапка, откако тој одлучи да штрајкува поради незадоволство. На крајот овој проблем беше решен со раскин на договорот.

Србинот во Веспрем дојде од Фуксе Берлин во 2018 година, според последните информации најверојатно ќе го облече дресот на Динамо Букурешт.

ПретходноТежок пораз за Црвена Звезда во Белград!
СледноБразилците Малколм и Клаудињо, и двајцата од Зенит, ќе играат за Русија!