Како што известуваат медиумите во Италија, се чини дека Кристијано Роналдо нема намера не само да му ги прости тие 20 милиони евра на Јуве, туку има намера со своето сведочење на суд, и да го “закопа“ најтрофејниот клуб во Италија.
Португалецот, кој сега е во Ријад и игра за Ал Наср за 200 милиони евра по сезона, едвај чека повик од италијанското обвинителство. Тој на судот ќе му потврди се она што челниците на Јуве го правеле во периодот додека тој беѓе во клубот, и имал намера да ги потврди финансиските малверзации кои наводно Јуве ги правел, а посебно во време за Ковид-19 периодот, за што е и обвинет.
Роналдо сакал и како обичен граѓанин да го тужи Јуве за несиплаетените пари за време на короната, тие 19 милиони евра кои плус такси и судски трошоци, секако и камати, да достигнат до 28 милиони евра.