Крстевски оптимист: Да го повториме мечот од Гевгелија и ќе се радуваме

102

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа загуби од Словачка во претпоследниот меч од претквалификациите за Евробаскетот. Бојан Крстевски одигра сосема добар натпревар во Левице, но неговите, и напорите на другите наши репрезентативци не се покажаа како доволни да се продолжи победничката серија.

„Штета за поразот, имавме добри моменти на натпреварот во Левице. Пред се на почетокот на третата четвртина, кога имавме отворени ситуации за шут, меѓутоа не ги реализиравме. Од друга страна противникот имаше одличен шутерски ден, заокружен со реализација на 14 тројки, во висок процент на реализација“, вели стартерот во нашиот национален тим.

И покрај првиот пораз во овој круг, Крстевски верува и се надева дека и покрај напорите кои со себе ги носи овој ритам на играње во квалификациите, и двете „врзани “ гостувања, за некоја вечер во Осло, можеме да ја повториме играта од Гевгелија.

„Сите овие случувања во Левице го оставаме зад нас. Впрочем и немаме многу време за анализа, уште помалку за одмор. Имаме и долг пат пред нас до Осло. Би сакал да ја повториме доминантната игра против Норвешка од натпреварот во Гевгелија и да се радуваме на пласман во квалификациите. Мислам дека до заслужуваме тоа“, дополнува Крстевски пред тргувањето за Осло, каде во недела, од 18 часот го играме клучниот натпревар за пласман во квалификациите.

ПретходноШеиците им ветиле на фудбалерите на Њукасл премија од 1 милион фунти доколку го победат Манчестер Ј.
СледноВеспрем останува без Французинот: Мае се враќа во Германија?