Вардар 1961 продолжува во ист ритам. На патот кон одбрана на титулата го совлада Бутел Скопје на домашен терен со 36-18 во првиот меч од третото коло во плеј-офот. Дејан Манасков беше нерешлива енигма за противникот, мечот го заврши со 11 погодоци. Моралес беше стрелец на шест гола. На другата страна Јефтиќ имаше 6 гола.
„Црвено-црните“ оваа средба ја решија веднаш, поточно во првото полувреме кое го добија со 16-8. Гостите беа рамноправен противник до 7-6, по што Вардар со серија од 9-6 поведоа со највисоки плус осум (16-8).
Не се промени ништо и во вториот дел. Вардарци продолжија да доминираат. Во 50. минута четирите гола на Манасков, по еден на Аларов и Јагуриноски, домашниот состав поведе со двоцифрена позитива 32-17. На другата страна бутелци едвај после седум минути ја погодија мрежата на противникот, Ѓоргиевски го „скрши мразот“. На Бутел му остана да се помири со третиот пораз во низа во плеј-офот.
Утре во Битола ќе се сретнат двата клуба од овој град, додека за недела се закажани мечевите меѓу Тиквеш – Охрид и Алкалоид – Пролет.