Мајнц со четворка го “поздрави“ Менхенгладбах! (ВИДЕО)

51

Вечерва во првиот меч од 22.коло, домашниот Мајнц со 4:0 успеа да го победи составот на Борусија Менхенгладбах. По малку и изненадувачки резултат ако се знае дека минатиот викенд Менхегладбах славеше над еден Баерн Минхен

Инаку Мајнц поведе во 25.минута и тоа со голот на Ли Јае-Сунг. Само што започна второто полувреме, во таа 49.минута Ингвартсен му донесе на својот тим удвојувањена водството. Се чини дека тука се “скрши“ овој натпревар. Гостите се обидуваа да сторат нешто повеќе, но бадијала, Мајнц во 73.минута со голот на Ајоркуе стави печат на одличното издание и високата победа од 3:0.Тоа да не биде се, се погрижи Випер Нелсон кој во 90+4.минута ги постави конечните 4:0 за Мајнц.

Со овие три бода сега Мајнц има 32 и е на седмата позиција во пресрет на останатите мечеви од Бундеслигата овој  викенд.

ПретходноБразилците Малколм и Клаудињо, и двајцата од Зенит, ќе играат за Русија!
СледноБелгија не дозволи чудо, Србија и натаму без виза за СП!