Анадолу Ефес го совлада Асвел со 90-89 и дојде до 12 победа оваа сезона, има еден меч помалку и добро чекори кон плеј-офот. Домаќинот беше одличен во втората четвртина, но гостите приредија пресврт во следниот период, дуелот влезе во драматична завршница.
На пет секунди до крајот Клaјбурн ги реализираше двете слободни фрлања, а неговиот тим поведе со 90-89. Следеше тајм-аут, истиот кошаркар беше херој, одигра добра одбрана им ја одзема топката на француските кошаркари за големо славје. Клајбурн имаше 20 поени, Ларкин запиша 16. На другата страна Де Коло постигна 20 поени.
Барселона ја доби дерби пресметката со Монако славеше со 80-70. Саторански со 15 поени беше прв стрелец кај каталонскиот тим, Јан Весели и Кори Хигинс имаа по 12 поени, кај Монако, Мајк Џејмс запиша 14 поени.
На останатите средби Олимпијакос славеше кај Валенсија со 85-92, Виртус Болоња беше подобара од Басконија со 88-83.
Резултати: Црвена Звезда – Алба Берлин 72-87, Лион – Анадолу Ефес 89-90, Валенсија – Олимпијакос 85-92, Виртус Болоња – Басконија 88-83, Барселона – Монако 80-70.