Чави ја посочи причината за елиминацијата на Барселона од Лигата на Европа

2918

Тренерот на Барселона, Чави тврди дека неиграњето на Педри и Гави било клучно за поразот на Барселона од Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа синоќа.

Поразот од 2-1 од „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ значеше дека лидерот во Ла Лига е елиминиран од Лигата на Европа.

„Мислам дека ни недостасуваше смиреност и трпение – лошо го започнавме второто полувреме. Доминиравме во играта и ја контролиравме, но загубивме некои дуели во вториот дел.Генерално, ни требаше малку повеќе, ни недостигаше нешто во нашата игра. Ни недостигаа Педри и Гави и мислам дека тоа беше клучно. Можеме да бидеме горди на тоа како се натпреварувавме против навистина голема екипа бидејќи имавме одлично прво полувреме. Серхи Роберто и Франк Кеси одиграа добро, но Гави и Педри се клучни играчи за нас. Мислам дека ако тие играа денес, немаше да имаме проблеми“, вели Чави.

ПретходноНова ВАР конфузија: Судиите поништија гол кој го призна технологијата на гол-линијата!?
СледноШмид како Лазаров: Ја завршува играчката кариера и станува селектор на Швајцарија