Вардар Неготино продолжува со добрите резултати и игри во плеј-аутот. По триумфот над Голден Арт и ремито со Радовиш дојдоа до нова победа, овој пат на Скопје, на домашен терен го совладаа со 26-24 во меч од третото коло.
Првото полувреме речиси цело беше изедначено се играше гол за гол, по 9-9, домаќинот со серија од 6-2 на одморот замина со позитива од 15-11. Вардар Неготино успеа да фати ритам, одршуваше водство од четири гола. На другата страна Скопје не ја губеше надежта на минута и пол до крајот успеа да намали на 25-24, Адамовиќ постигна важен гол за 26-24. Кузманоски повика тајм-аут, но веќе немаше време ниту за бод.
Адамовиќ со девет гола беше прв стрелец, Митевски имаше 6. Кај гостите Киселовски запиша седум гола.