„Граѓаните“ рутински до победа, продолжува потерата по Арсенал (ВИДЕО)

79

Шампионот Манчестер Сити според очекувањата славеше со убедливи 4:1 на гостувањето против Бурнмаут во денешниот претпоследен меч од тековното коло во Премиерлигата.

„Граѓаните“ го добија решија мечот уште во првото полувреме, додека домашните во финишот погодија за да го ублажат поразот. Алварез во 15. минута му донесе водство на Манчестер Сити. На крајот од првиот половина час игра Ерлинг Халанд погоди за 2:0 на асистенција на Фоден, а при крајот на првото полувреме Фоден успеа да погоди за недостижни 3:0.

Само што започна вториот дел, голманот Нето мораше по четвртипат да ја извади топката од мрежата. Овој пат Мефам си постигна автогол. До крајот избраниците на Гвардиола рутински ја одржуваа предноста, која домашните ја намалија со почесниот гол преку Лерма во 83. Минута за конечни 1:4.

ПретходноКрејчикова со титула во Дубаи, а Медведев најдобар во Доха
СледноМладиот Алваро го спаси Реал од пораз на градското дерби со Атлетико (ВИДЕО)