Крејчикова со титула во Дубаи, а Медведев најдобар во Доха

106

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова направи сензација со освојување на ВТА турнирот во Дубаи. Таа во финалето беше подобра од првата тенисерка во светот Ига Швјонтек со 2-0 по сетови 6:4 и 6:2. Инаку ова е шестата ВТА титула на Крејчикова во сингл конкуренција. Интересно, чешката тенисерка ги победи првите три тенисерки  на АТП листата на овој турнир.

Рускиот тенисер Данил Медведев беше најдобар на АТП турнирот во Доха. Во финалето тој беше подобар од Енди Мареј со 2-0 (6-4 и 6-4).

Ова е втора титула за Медведев за две недели, а 17-та во кариерата.

 

ПретходноВардар Неготино не престанува да изненадува – го сопре Скопје 2020!
Следно„Граѓаните“ рутински до победа, продолжува потерата по Арсенал (ВИДЕО)