Наковски Волеј сигурен во Скопје, градското дерби за Вардар жени

190

Во очекување на големото дерби на ланските финалисти во плеј-офот, Работнички и Јанта Волеј закажано за в понеделник од 17:30, викендов на програмата во 2. коло од разигрувањето кај одбојкарките беа два меча.

Во рамките на плеј-оф делот екипата на Наковски Волеј славеше со максимални 3:0 на гостувањето кај Фит Фан Волеј. Ова беше дванаесетта победа за струмичкиот тим, со која се израмни со Јанта Волеј.

Во плеј-аут делот се одигра извонредно драматичен меч меѓу двата скопски тима со исто име – Вардар. На крајот со 3:2 во сетови победата им припадна на младите одбојкарки на Вардар жени 2019.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, (2.коло)

Фит фан волеј – Наковски волеј  0:3 (16:25, 23:25, 15:25)

Работнички Скопје – Јанта волеј (понеделник, 17.25, МРТ-3)

Табела: Работнички Скопје 14-1, Јанта волеј КВ 12-3, Наковски волеј 12-4, Фит фан волеј 7-9.

Прва лига (жени), Втора фаза-2, (2.коло)

Вардар ЕМ – Вардар жени 2:3 (25:22, 24:26, 11:25, 26:24, 9:15)

Македонија Макс – Струмица жени (вторник, 20.00)

Табела: Вардар жени 7-9, Струмица жени 5-10, Вардар ЕМ 5-11, Македонија Макс 0-15.

ПретходноШпанската полиција уапси шест лица поради “местење“ на мечот меѓу Хуракан и Леванте!
СледноПретседателот на Сампдорија доби закана по живот: Свинска глава на адреса на Масимо Фереро (ФОТО)