Полувреме во Струга: Без голови покрај езерото, Стевковски му одбрани пенал на Ибраими!

260

Без голови по првите 45.минути на мечот во Струга меѓу лидерот на табелата, тимот на Струга ТЛ и Македонија ЃП. Меч од 20.коло во ПМФЛ. Секако дека овој дел го одбележа моментот од 33.минута кога домашните имаа супер шанса за водство, и тоа од пенал, но ударот од белата точка кој го изведе Бесарт Ибраими, фантастично го одбрани голманот на гостите Христијан Стевковски.

Добро прво полувреме, има ритам, имаше и закани кон противничките голови како оние на Укпа и Ибраими, на дригата страна се закани Матеус, но сепак на головите ќе почекаме можеби во второто полувреме.

Во 44.минута Самаке доби втор жолт односно црвен, и мораше предвреме да го напушти теренот со што ги остави „лавовите“ со играч помалку.

ПретходноБурен тајм-аут во Евролига меѓу Обрадовиќ и првата ѕвезда на Монако (ВИДЕО)
СледноПотврда од ХНС: Имаше бројни понуди, но Далиќ останува селектор на Хрватска до 2026!