Ако мислите дека не може да биде полошо, верувајте дека може. На последните 14 одиграни натпревари екипата на Челзи оствари само две победи.
Тренерот на Челзи ја искористи последната прес-конференција за да се пожали дека е загрозено неговото ментално здравје поради заканите кои тој и неговото семејство ги добиваат секојдневно.
“Добив многу грди пораки на мојот меил, тие сакаат да умрам. Таквите работи и пораки не се пријатни за гледање”, изјави Греам Потер, додавајќи:
„Прашајте го моето семејство како ни е животот во последно време. Воопшто не е удобно“, вели Потер.
Утре Челзи игра уште еден дерби натпревар, овојпат противник е тимот на Тотенхем.
„Кога одите на работа и некој ќе ве пцуе, тоа воопшто не е пријатно. Постојат два начини на кои можете да одговорите. Можам да кажам дека не ми е гајле, но би знаеле дека лажам. На сите им е гајле што мислат луѓето “, рече Потер.