Во меч од 23.коло во Ла Лига, попладнево во Барселона, домашниот тим на Еспањол со 2:1 славеше против жилавата Мајорка. Централна фигура на овој интересен меч беше Мартин Брајтвајт, некогашниот фудбалер на Барса кој речиси сам ја совлада Мајорка постигнувајќи два гола. Првиот во 22.минута за 1:0, а потоа во 51.минута за 2:1. Израмнување за Мајорка донесе Ведат Муричи, но тоа не беше доволно гостите да дојдат барем до бод.