Вардар на поправен во Охрид, Каменица Саса против лидерот Гостивар

360

Денешната програма од 17. коло во ВМФЛ шампионатот ќе ја одбележи пред се гостувањето на тимот на Вардар во Охрид, каде што против истоимениот противник ќе се обиде да го поправи впечатокот по киксот на домашен терен изминатата недела против Аресими.

Вардар тогаш одигра само 1:1, и сега ќе бара бодови на незгодниот терен во Охрид. Од друга страна пак, Гостивар ги спаси бодовите од мечот против Пехчево, во сега веќе добро познатиот на јавноста случај од првото пролетно коло, па сега во Каменица заминува по нов триумф. Саса пак има за задача да опстане пролетва, па бодови се бодови, дали против лидерот или последнопласираниот тим не е важно.

Воска пак, третиот претендент за највисок пласман доаѓа во Скопје каде што против Пехчево има намера да победи и ништо помалку. Пелистер доколку мине како што треба на гостувањето кај Беса, може да се надева на многу пролеттва.

 

17. коло ВМФЛ шампионат:

денеска 14:00ч.

ФК БЕСА 1976 – ФК ПЕЛИСТЕР

КАМЕНИЦА САСА – ГОСТИВАР

ПЕХЧЕВО – ВОСКА

БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ТЕТЕКС

ОХРИД ЛИХНИДОС – ВАРДАР

АРЕСИМИ – КОЖУФ

Недела 14:00:

КАРАОРМАН – СЛОГА

 

 

ПретходноКлоп: Секој натпревар до крајот е квалификации за Лигата на шампионите
СледноПСЖ ги отвори портите за навивачите, одржан тренинг пред 30.000 луѓе