Попладнево се одиграа седум мечеви од 17.коло во ВМФЛ. Најинтересно беше во Охрид каде домашниот ГФК Охрид го пречека Вардар, на кој на крајот славеа гостите со голот на Жоглев со 0:1 и тоа со гол во последните мигови од овој натпревар во кој домашните неколку шанси кои не ги искористија.
Гостивар со 0:3 славеше кај Саса, два гола постигна Каланоски.
Пелистер и во вториот ме, пролетва покажува сила, имено успеа со 1:2 да слави на гости кај Беса и тоа со головите на Китановски и Спиркоски.
Воска Спорт потешко од очекувањата дојде до трите бода на гостувањето кај Пехчево и тоа со 1:2 и тоа со двата гола на фета.
Арсими водеше со 2:0 со Кожуф на крајот победи со 2:1. Детонит го совлада Тетекс со 1:0, со истиот резултат Беласица како гостин го победи Борец.
РЕЗУЛТАТИ – 17.КОЛО
БЕСА – ПЕЛИСТЕР 1:2
САСА – ГОСТИВАР 0:3
ПЕХЧЕВО – ВОСКА 1:2
БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА 0:1
ДЕТОНИТ – ТЕТЕКС 1:0
ОХРИД – ВАРДАР 0:1
АРСИМИ – КОЖУФ 2:1
УТРЕ, 14 Ч
КАРАОРМАН – СЛОГА (В)
ТАБЕЛА
Гостивар 43, Воска 40, Вардар 40, Пелистер 36…бодови