Голем пех за српскиот кошаркар: Мициќ ја заврши сезоната?

165

Првата ѕвезда на турски Анадолу Ефес, српскиот кошаркар Василије Мициќ, синоќа не настапи за тимот на Ефес против Асвел во 25. коло од Евролигата поради повреда, која денеска излезе дека е прилично сериозна.

Според изјавата на тренерот на турскиот тим Ергин Атаман, Мициќ најверојатно ја заврши сезоната.

„Не сум сигурен дека Василије Мициќ ќе може да игра до крајот на сезоната“, изјави контроверзниот турски стручњак, без никакви дополнителни детали за што всушност се работи.

Турските медиуми пишуваат дека се уште нема точна дијагноза на повредата на српскиот плеј, но се ќе се знае по прегледите во понеделник.

ПретходноРевија на стативи и пречки, но гол не видовме: Ливерпул со реми кај Кристал Палас
СледноСимеоне: На овој стадион ВАР секогаш е против нас!