Пипкинс и Вајтли не се повеќе играчи на КК Гостивар по спогодбен раскин на договор, а на нивно место доаѓаат Стефан Крстајиќ и Немања Жигон, соопштија од клубот.
Крстајиќ има огромно искуство во играње во нашата прва лига, досегашен член на тимот од Струмица, каде има одлични перформанси од 21,7 поени, 4 асистенции и 4 скока по натпревар и сигурни сме дека во него имаме одлично засилување. Добредојде Стефан
Жигон доаѓа од тимот на Нови Сад каде оваа сезона има одлични 15,5 поени. Претходна сезона ја поминал во тимот на Дунав (официјална филијала на Партизан).
Гостивар во следното коло игра дома против ФМП.