Никако не му оди на Бесарт Ибраими на мечот со Македонија ЃП. Два пенали две промашување, веројатно ова му се случува првпат во кариерата. Прво напаѓачот промаши во 33.минута кога Стевковски му го одбрани ударот, а во 51.минута Бесарт ја погоди стативата.
Навистина неверојатно, каков ужасен ден за најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ.