И тоа го има во Ла Лига: Имаат повеќе црвени картони од бодови!

185

Елче е тим кој се најде во центарот на вниманието во фудбалската јавност, но за жал не поради добрите резултати. Оваа сезона во Ла Лига се наоѓаат на последното место на табелата. По 23 одиграни натпревари нивниот скор е една победа, шест ремија и 16 порази.

Синоќа овој тим беше совладан од Бетис со 2-3, имаше водство од 2-0, но гостите со пресврт и пенал во продолжението дојде до целиот плен.

На оваа средба токму во истекот на дополнителните минути, Роко доби втор жол картон, автоматски црвен, кој беше десетти за неговиот тим оваа сезона. Она што е интересно е дека Елче има повеќе црвени картони од бодови. Во моментов има вкупно 9 бода, додека 10 црвени картони.

ПретходноБратско дерби во Битола, Скопје по цел плен во Неготино!
СледноАмановиќ и Дарбо и го донесоа на Астана пехарот во Суперкупот на Казахстан!