Младиот Алваро го спаси Реал од пораз на градското дерби со Атлетико (ВИДЕО)

159

Во големото градско дерби во Мадрид, Реал успеа да „извлече“ ремис о гол во самата завршница од мечот, откако Атлетико (М) со играч помалку имаше предност од 1:0 на пет минути пред истекот на регуларните 90 минути на средбата.

Реал Мадрид очекувано ја презеде иницијативата од самиот почеток и се играше главно на половината на Атлетико. Сепак, мрежите мируваа.

Ниту продолжението не донесе нешто подобра игра во првиот половина час. За одбележување беше моментот од 64. минута кога резервистот Кореа со лакт го удри Ридигер додека ја градеше топката, а судијата добро забележа и му покажа директен црвен картон.

И покрај тоашто останаа со играч помалку, гостите погодија преку Хозе Хименез во 78. Минута и изненадувачки поведоа со 0:1. Реал тргна во целосна офанзива, а по неколку добри акции Модриќ изведе корнер, а Алваро Родригез, осамен, погоди со глава за 1:1 и тоа во неговиот втор меч во Примера.

Претходно„Граѓаните“ рутински до победа, продолжува потерата по Арсенал (ВИДЕО)
СледноЕден од најкомичните автоголови падна во Јапонија (видео)