Пех за Вардар: Се повреди капитенот Мицевски, го чека пауза од неколку месеци

1310

Фудбалерите на Вардар денеска дојдоа до посакувана победа на гостувањето кај Охрид во меч од второто пролетно коло во Втората лига, но го загубија капитенот Дарко Мицевски.

Според последните информации, Мицевски на денешниот меч со Охрид заработил повреда на фибулата, за која треба да се направат дополнителни прегледи. Ако се покаже дека станува збор за скршеница, тоа ќе значи подолга пауза од фудбалските терени за еден од лидерите во „црвено-црниот“ тим.

ПретходноПретседателот на Сампдорија доби закана по живот: Свинска глава на адреса на Масимо Фереро (ФОТО)
СледноПјотр Жила со нов рекорд на Планица до одбрана на светската титула (ВИДЕО)