ПМФЛ: На лидерот и два пенали му беа малку за победа над Македонија ЃП, Ибраими е трагичарот!

1553

Струга ТЛ – Македонија ЃП 0:0 е епилогот на првиот меч од 20.коло кој се одигра попладнево во Струга. Лидерот може да жали што не победи, но кога нема да искористиш два пенали, и двата ги промаши Бесарт Ибраими тогаш нема што да бараш.

Со ова реми Струга ТЛ си ја искомпликува ситуацијата во битката за титулата зошто ова е трето реми по ред за овој тим.

Домашните уште од стартот на мечот тргнаа офанзивно, со цел што побргиу да се октрие резултатот, но сепак првата закана ја имаа „лавовите“ и тоа во 9.минута кога шутираше Матеус а Ќосевски одбрани. Следуваше ударот на Ибраими во 18.минута, а потоа и на Укпа, но гол немаше, иако евидентно беше дека Струга ТЛ е во налет.

Во 33.минута по стартот на Пецов врз Ибраими, судијата Ѓорѓиев покажа на белата точка,но пак немаше гол за лидерот. Ибраими “распали“ од 11 метри, но Стефковски со фантастича парада го одбрани тој удар. Каков шок беше тоа за стружани.

Во самиот финиш на првиот дел Адама Самаке за само две минути доби два жолти картони и мораше предвреме да го заврши овој натпревар, со што ги остави своите соиграчи во вториот дел да играат со играч помалку.

Во 51.минута нов пенал за Струга ТЛ. Стоилов стартуваше врз Радески, чист пенал, но Ибраими одново промашува. Овојпат го погоди десниот дирек на задоволство на гостите од Ѓорче.

Сепак Струга ТЛ и натаму напаѓаше, а во 57.минута Мерџани имаше супер шанса, но гол нема па нема.

Домашните продолжија со атаците кон гостинскиот гол, но никако не можеа да го пронајдат патот до голот на Стевковски. „Лавовите“ пак од контри се обидуваа да сторат нешто повеќе, без некој успех.

Затоа во 86.минута имаа зицер, Лазаревиќ имаше супер шанса, но Ќосевски го спаси својот гол. Каква шанса за Македонија ЃП. Треба да се каже дека гостите цело второ полувреме го одиграа со играч помалку.

На крајот резултатот беше 0:0.

ПретходноГвардиола: Престанете да го критикувате Халанд, тој не е Меси!
СледноВМФЛ: Жоглев погоди во 95.минута за триумф на Вардар во Охрид, победи и за Гостивар и Пелистер