Потер ја отвори душата: Сакаат да ме убијат, прашајте го моето семејство како живееме!

394

Ако мислите дека не може да биде полошо, верувајте дека може. На последните 14 одиграни натпревари екипата на Челзи оствари само две победи.

Тренерот на Челзи ја искористи последната прес-конференција за да се пожали дека е загрозено неговото ментално здравје поради заканите кои тој и неговото семејство ги добиваат секојдневно.

“Добив многу грди пораки на мојот меил, тие сакаат да умрам. Таквите работи и пораки не се пријатни за гледање”, изјави Греам Потер, додавајќи:

„Прашајте го моето семејство како ни е животот во последно време. Воопшто не е удобно“, вели Потер.

Утре Челзи игра уште еден дерби натпревар, овојпат противник е тимот на Тотенхем.

„Кога одите на работа и некој ќе ве пцуе, тоа воопшто не е пријатно. Постојат два начини на кои можете да одговорите. Можам да кажам дека не ми е гајле, но би знаеле дека лажам. На сите им е гајле што мислат луѓето “, рече Потер.

 

ПретходноКошаркарите го одработија првиот тренинг во Осло (ФОТО)
СледноДали Агуеро го откри новиот тим на Меси?