Пјотр Жила со нов рекорд на Планица до одбрана на светската титула (ВИДЕО)

370

Полскиот ски-скокач Пјотр Жила сензационално ја одбрани титулата светски првак освоена во 2021 година на мала скокалница во Оберстдорф, откако денеска на скокалницата на Планица успеа од 13. место во првата серија да се искачи на врвот.

Во тешки и ветровити услови, 36-годишниот Полјак по разочарувачкиот настап во првата серија, решително и агресивно влезе во последниот обид и „летна“ до 105 метри, што е нов рекорд на скокалницата.

Жила слета во речиси совршен телемарк, што му донесе 134,2 поени за тој скок.

Вториот од првата серија, Германецот Андреас Велингер, ја одбрани својата позиција со скок од 102 метри и го освои сребрениот медал, со заостанување зад Жила за 2,6 поени. Германците освоија и бронза благодарение на Карл Гајгер, кој заостана зад победникот со 4,1 поен.

Утре на Планица е закажан мешовитиот екипен натпревар на малата скокалница.

ПретходноПех за Вардар: Се повреди капитенот Мицевски, го чека пауза од неколку месеци
СледноРевија на стативи и пречки, но гол не видовме: Ливерпул со реми кај Кристал Палас