Екипата на Рајо Ваљекано забави во трката по местото во Европа, а денешниот пораз на гостувањето кај Кадиз може скапо да ги чини на крајот на сезоната на Ла Лига.
Македонскиот голман Столе Димитриевски беше во првиот тим на Рајо, а голот за победа на Кадиз го постигна Сержо Гвардиола во 74.минута. Во финишот Рајо остана со играч помалку и не можеше да се врати.
Претходно Еспањол ја совлада Мајорка со 2:1.
Рајо е на шестото место со 34 бода, два повеќе од Атлетик Билбао кој има меч помалку. Кадиз е на 14. место.
💛⚪️ #CádizRayo #LaLigaSantander
👀 Sergi Guardiola’s one-on-one with Dimitrievski#LaLigaHighlights @LaLigaENpic.twitter.com/ajEdWybJCp
— Cádiz CF 🇬🇧🇺🇸 (@Cadiz_CFEN) February 25, 2023