Галтие: Дербито нема да биде решавачко за титулата

118

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, смета дека дербито против Олимпик Марсеј кое се игра в недела нема да биде одлучувачко за титулата. Неговиот тим е лидер и води со пет бодови предност пред големиот ривал. Поразот на Стад Велодром ќе ја намали разликата на два бода.

„Многу важен натпревар. Двата тима се многу блиску во првенството, ги делат само неколку бода. По испаѓањето во Купот, средбата е многу важна. Дали тоа ќе биде пресудно за титулата? Мислам дека не“, изјави Галтие. Двата тима се сретнаа претходно овој месец и Олимпик победи со 2-1 па го исфрли ПСЖ од Купот на Франција.

„По поразот таму за Купот и мечот со Баерн, победата над Лил ни дава надеж. Мора да се претставиме подобро од претходниот натпревар. Не бараме реванш. Ова е група на играчи кои се навикнати да се борат за високи цели. Тие не се откажуваат. Понекогаш треба да им дозволите да играат слободно. Не е срамота да се изгуби, но треба да се даде се од себе“, додаде тој.

ПретходноПСЖ ги отвори портите за навивачите, одржан тренинг пред 30.000 луѓе
СледноБратско дерби во Битола, Скопје по цел плен во Неготино!