Иако откако е во Манчестер Сити ги урива сите можни рекорди кога станува збор за головите, сепак факт е дека кога се играат “големи“ мечеви, Ерлинг Халанд не е на потребното ниво. Токму тоа го посочуваат медиумите на Островот, а неговиот тренер Пеп Гвардиола, им порача на сите што со скепса гледаат на Халанд да го остават на мира:
“Престанете да го критикувате Халанд, па тој не е Меси во една акција да помине 3-4 противнички играчи и да даде гол. Халанд е сосема друг тип на играч, тој и натаму ќе продолжи да постигнува голови како што досега тоа го правеше“ изјави Пеп.