Првата ѕвезда на турски Анадолу Ефес, српскиот кошаркар Василије Мициќ, синоќа не настапи за тимот на Ефес против Асвел во 25. коло од Евролигата поради повреда, која денеска излезе дека е прилично сериозна.
Според изјавата на тренерот на турскиот тим Ергин Атаман, Мициќ најверојатно ја заврши сезоната.
„Не сум сигурен дека Василије Мициќ ќе може да игра до крајот на сезоната“, изјави контроверзниот турски стручњак, без никакви дополнителни детали за што всушност се работи.
Турските медиуми пишуваат дека се уште нема точна дијагноза на повредата на српскиот плеј, но се ќе се знае по прегледите во понеделник.